(ФОТО) Откриено е колку пари ќе добијат фудбалерите на Челзи и Сити за титулата во Лигата на шампионите

Со пласман во финалето на Лигата на шампионите, фудбалерите на Челзи обезбедија бонус од пет милиони фунти, а уште толку ќе поделат помеѓу себе ако стигнат до победата против Манчестер Сити на 29. мај во Истанбул, а со тоа и до титулата во тоа натпреварување.
Некои англиски медиуми наведуваат дека, ова не е крај на можната дополнителна заработка за тимот предводен од Томас Тухел. Пред нив е и финалето на ФА купот, односно мечот за трофејот против Лестер Сити. Победата во таа конкуренција ќе им донесе дополнителни милиони фунти. Тој натпревар се игра на 15.-ти мај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chelsea FC (@chelseafc)

Во Челси парите се делат подеднакво меѓу играчите. Во Сити нема рамномерна распределба и секој играч преговара за своите бонуси при потпишувањето на договорот. Победничката награда е поголема отколку во лондонскиот клуб, а освојувањето на клубот од Лигата на шампионите ќе чини 15 милиони фунти кои ќе бидат поделени на играчите.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

Душан Дуда Ивковиќ почина на 78 -годишна возраст, а веста ја потврди првиот човек на …