ТЕЛЕВИЗОРИТЕ ГИ ШПИОНИРАЛЕ КУПУВАЧИТЕ: Недозволени активности на кинеските производители

Кинескиот производител на телевизори Скајворт, чии производи се продаваат во Северна Америка, иако најголемиот дел од нивната стока се пласира на кинескиот пазар, признал дека неговите телевизори ги шпионирале корисници.
Една американска страница што го испитува квалитетот на потрошувачката на електронската стока дознала дека андроид телевизорите на кинескиот производител содржат апликација наречена Gozen Service која собира податоци на сите гаџети поврзани на Интернет на домашната безжична мрежа и ги испраќа на веб-серверот управуван од Gozen. Ова значи дека преку телевизорот се открива кои паметни уреди ги имате, дали вашиот мобилен телефон е дома, кој е поврзан на Интернет, како се вика Wi-Fi на вашиот сосед.


„Skyworth” е трет по големина производител на телевизори во Кина и петти најголем производител во светот.
Претставник на компанијата во САД во врска со обвинувањата одговорил „дека приватноста на нашите клиенти е приоритет број еден и дека нашите телевизии на пазарот во Северна Америка не подлежат на обработка на податоци и не ја содржат споменатата апликација“. Оттука, аналитичарите заклучуваат дека „шпионските“ телевизори најмногу се продавале на кинескиот пазар.

Фото: Илустрации

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЗА 3. НЕДЕЛИ СЕ ЗДЕБЕЛИЛ 20 КИЛОГРАМИ: Познатиот глумец Марк Волберг непрепознатлив за новата улога!

Марк Волберг порано бил и модел за Калвин Клајн, но и некој што се придржува …