Победете ја НЕСОНИЦАТА: Дали пред спиење гледате на часовникот?

Познато е колку е важен квалитетен сон за здравјето, но несоницата не е лесно да се надмине.
Рускиот лекар Мијасников открил како да се надмине овој проблем и од какви навики треба да се откажете што е можно побрзо.
Верувале или не, гледањето на часовникот навечер не спречува да заспиеме. Како што тврди овој руски експерт, кога ќе погледнете во часовникот, се појавуваат мисли за будење, па мозокот е збунет. А часовникот е често осветлен.


Тој исто така препорачува да легнуваме секогаш во исто време, во работните денови и за време на викендите, што го стабилизира ритамот на спиењето. Според овој лекар, не треба да легнуваме на кревет во текот на денот. Тој советува дека ако не можеме да заспиеме 20 минути откако ќе легнеме, да станеме и да прошетаме и со тоа да го смириме телото. Важно е да не користиме мобилни телефони, да гледаме телевизија или да внесуваме храна или пијалоци во организмот во тој период.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сте ИЗГОРЕЛЕ на сонце? Еве што да направите кога кожата после сончање ќе почне да ви се лупи!

Важно е редовно да користите крема за сончање и да избегнувате изгореници. Секое лице барем …