МЕГАН МАРКЛ ВИДЕНА КАКО ЈА ВОЗАТ ВО БОЛНИЦА: Сите го поставуваат истото прашање – дали таа отишла тајно да се породи?

Војвотката и војводата од Сасекс Меган Маркл (39) и нејзиниот сопруг, принцот Хари, три години помлад, го слават вториот роденден на нивниот син Арчи.
Како најубав подарок, малечкиот ќе добие сестра која треба да се роди наскоро. Меѓутоа, ако им се верува на пишувањата на едно американско списание, девојчето, за кое се шпекулираше со месеци, наводно веќе е родено. Според таблоидот во својот последен број, поранешната актерка покренала гласини за порано раѓање, откако наводно била видена како набрзина ја носат во болница.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan Markle 🔵 (@meghanmarkle_official)


Извор за споменатите медиуми изјавил дека кратко време по враќањето на Хари од Велика Британија, каде поминал една недела поради погребот на принцот Филип, неговата бремена сопруга била итно пренесена во црн џип, а со оглед на тоа што војвотката требало да се породи дома, изворот тврди дека лесно е можно породувањето веќе да се случило во блиската болница.

„ Cottage е најдобрата болница во градот и се знае дека нивните пациенти се познати и богати луѓе. На Меган сигурно и се случило нешто штом решила да го замени породувањето дома со болница“, изјавил неименуван извор кој тврди дека ја видел војвотката на пат кон болницата пред неколку дена.

Инаку, сè уште нема официјални информации за раѓањето на второто дете на бегалскиот кралски пар, но имајќи предвид дека Меган последен пат беше видена во јавноста пред две недели, кога папараците ја снимија во друштво на нејзиниот син, а и досега таа била прилично мистериозна кога се зборувало за бременоста, па таа ја открила дури во март оваа година, а многу обожаватели веруваат дека тврдењата за раѓањето на друго дете може да бидат вистинити.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали верувате во НАРОДНИ ВЕРУВАЊА? Погледнете зошто нашите предци се венчавале само во овие ШЕСТ месеци од годината!

Дали знаевте дека месецот во кој ќе се венчате може да влијае на вас и …