Мал трик пешачењето да ви биде како тренинг

Секојдневното пешачење е одличен сојузник за сите оние кои го ставаат здравјето на прво место. Дури и малите дневни движења, како на пример одење на работа, во комбинација со само 20. минути лесни вежби, го намалуваат ризикот од предвремена смрт.
Се разбира, одењето не е само техника со која се обидувате да го продолжите животот. Тоа е исто така одлична физичка активност, форма на вежба која може да ви помогне да ги постигнете целите што ги имате кога станува збор за фитнес и/или слабеење, пишува Zadovoljna.hr.
Пешачењето како начин за слабеење е многу привлечна опција за многумина затоа што е активност што не бара премногу. Доволно е да купите патики и редовно да одите во блискиот парк, шума или едноставно да шетате низ околината. За многумина, поради нивната здравствена состојба, одењето е многу подобра опција отколку да трчаат.


А за да се постигне најдобар успех со одење, научниците од Харвард сугерираат дека е важно да се направи една клучна работа на самиот почеток. Тајната на успехот лежи во фактот дека тренингот треба да го прилагодите на целите за фитнес.
На пример, ако одењето е вашата примарна аеробна активност, тогаш треба да ги промените интензитетот и брзината. Ако сакате да го зајакнете долниот дел од телото, помислете на начини да изградите квадрицепси и листови. Ако планирате искачување на планина или одмор што вклучува многу пешачење, тогаш користете пешачење за да ја зголемите издржливоста.
Значи, ако знаете која е вашата цел и ако го прилагодите тренингот за да ја постигнете таа цел, резултатите ќе пристигнат и ќе бидете задоволни и мотивирани да продолжите.
Ако сте потполно нови во светот на одењето, одете со стабилно темпо околу 20. минути неколку дена во неделата. Одличен почеток е, и наскоро, без грижи, ќе сакате да го подигнете на следното ниво.
Не заборавајте,секој тренинг да го започнете и завршите со петминутно загревање и истегнување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СУПЕР ХРАНА: Намирници кои сами ги топат килограмите – без строга диета!

Храната со висок процент на вода ќе влијае да се чувствуваме сити долго време Ако …