(ВИДЕО) Таа беше најубавата актерка во Холивуд, се повлече поради ТРАГИЧНА причина и одлучила да остари!

Кетлин Тарнер е единствената американска актерка која не ги крие своите години.
Родена е во јуни 1954. година и глумеше во многу култни филмови како што се „Честа на Прициеви“ и „Војна на Роузови.
Долго време важеше за најубавата актерка во Холивуд по која сите воздивнуваа. Таа глумеше со најзгодните актери, а по серијалите „Лов на зелениот дијамант“ и „Накитот од Нил“ во кои глумеше со Мајкл Даглас, сите мислеа дека никој никогаш нема да ја симне од тронот.

Повторно со Даглас
Мајкл и Кетлин повторно глумат заедно во филмот „Метод Комински“, а ќе ги глумат поранешните сопружници.
Сепак, нејзиниот последен филм го сними во 2007. година.

Потполно се повлече.
Кетлин потполно се повлече од јавниот живот, а причината е трагична. Во раните 90-ти, и беше дијагностициран ревматоиден артритис и лекарите предвидоа дека никогаш повеќе нема да оди. Таа не се откажала и успеала да ја пронајде терапијата што ја држела на нозе. Сепак, оваа терапија додала вишок килограми.

Многумина сметале дека е зависна од алкохол, но во нејзината автобиографија во 2008. година, таа признала дека лаковите „и го поматиле паметот“. Зависноста од лекови излегла од контрола и во 2002. година отишла на одвикнување.
Кетлин отсекогаш имала потешкотии со сексизмот, а особено ги напаѓала Берт Рејнолдс и Николас Кејџ.
„Цел живот ја градев својата кариера преку изгледот, а кога се разболев во доцните триесетти години, тоа веќе не бев јас. Тоа беше проблемот“, рекла Кетлин во едно телевизиско интервју.

Еве како изгледаше Кетлин Тарнер во филмот „Дијамант од Нил“:

Еве како изгледа сега:

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …