(ФОТО) Принцот Вилијам открил симпатичен детал за ќерката Шарлот

Откако принцезата Шарлот, ќерката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, неодамна наполни шест години, принцот открил детали за неа, со коментар дека неговите деца „растат многу брзо“.

Принцот Вилијам неодамна сподели ретки сцени од неговиот семеен живот со сопругата Кејт Мидлтон и нивните три деца, принцот Џорџ (7), принцезата Шарлот (6) и најмладиот принц Луис (3).
Имено, минатиот викенд принцезата Шарлот го прослави својот шести роденден и, судејќи според реакцијата на нејзиниот татко, тоа било многу забавно.

Војводата од Кембриџ за Daily Mail изјавил дека неговото мало девојче расте брзо и дека тоа го забележал додека присуствувал на веридба на Западниот дел на Мидлендс, во вторникот на 4 мај.
„Ако ја прашате, таа вели дека има 16 години“, рекол Вилијам за принцезата, а потоа ја цитирал малата Шарлот: „Сега имам шест, ќе правам што сакам“.
„Тие растат многу брзо“, заклучил принцот.

Покрај тоа, таткото на три деца открил дека, по повод роденденот на принцезата Шарлот, во недела на 2 мај, тие организирале семеен собир во нивното село во Норфолк.
“Таа имаше убав ден. Минатата година нејзиниот роденден беше во периодот на заклучување, но оваа година можевме да славиме во семеен круг”, изјавил 38-годишниот кралски престолонаследник за магазинот „Хелоу”.
Претходно, кралскиот пар, во пресрет на роденденот на малата принцеза, објави нејзина фотографија, која ја направи самата војвотка од Кембриџ.
Шарлот широко насмевната позирала во семејната куќа на Анмер Хол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ♕ 🇬🇧 (@louisofcambridge)

Неколку дена пред роденденот на шестгодишната принцеза, принцот Вилијам и Кејт објавија снимки од зад сцената на семејниот живот, по повод десетгодишнината од брак. Видеото, снимено од режисерот Вил Вор, покажува горди родители кои уживаат на отворено со своите деца.

„Ви благодарам на сите за убавите пораки на годишнината од венчавката“, гласел нивниот коментар на Инстаграм. „Ние сме неизмерно благодарни за десетгодишната поддршка што ја добивме во нашите животи како семејство.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Огромна пајажина покрила австралиски градови

Огромна мрежа од пајаци ги покрила австралиски градови откако неодамна беа забележани големи поплави во …