ТРАНСФЕРИ: Салах простигнува во Париз како замена за Мбапе!?

Многу ќе зависи од епилогот на сезоната
Ако следното лето Килијан Мбапе го напушти ПСЖ, парижаните ќе се обидат да го донесат Мохамед Салах во главниот град на Франција.
Французинот сè уште не постигнал договор со клубот околу потпишување на нов договор, а се’ почесто се споменува дека кариерата би можел да ја продолжи во Реал.
Исто така, Салах не е среќен во Ливерпул оваа сезона, така што неговото заминување е многу можно. Многу ќе зависи од епилогот на сезоната, односно од тоа дали „црвените“ ќе изборат место во Лигата на шампионите.
Салах дојде во Ливерпул пред четири години од Рома.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Многу причини за радост – ДВА гола, ДВА милиони денари од МOZZART!

Погодоците на Пандев и Алиоски на ЕУРО 2020 донесоа голема радост на цела нација, но …