(РЕЦЕПТ) Направете сами ваше универзално СРЕДСТВО ЗА ЧИСТЕЊЕ ФЛЕКИ: Потребни се три состојки!

Има сè повеќе производи за чистење кои можат да се направат од состојките што секогаш ги имаме во кујната.
Универзалното средство за чистење што треба да го има секоја куќа се состои од:
3% хидроген
течен детергент
сода бикарбона
Прво треба да измешате три лажици сода бикарбона со три лажици течен детергент (што и да имате на рака) и да додадете шест лажици хидроген во таа смеса.
Штом добро ќе го соедините сето ова, ќе добиете густа смеса која потоа можете да ја користите за отстранување на тврдоглави дамки и од гардеробата и од мебелот.

Во исто време, можете да земете лажица, две од направеното средства и да го измешате со вода што претходно сте ја подготвиле за чистење, па обидете се да отстраните мрсни дамки и од дрвени и од стаклени површини.
Ако навистина не сте заинтересирани да ја повторувате оваа постапка секоја недела, можете слободно да направите поголеми количини на ова универзално средство, а потоа да го користите како прва помош во непредвидени ситуации во домаќинството.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОМБИНАЦИИ НА ХРАНА КОИ СЕ УБИСТВЕНИ ЗА ОРГАНИЗМОТ: Овие намирници никогаш не треба да ги јадете заедно!

Нутриционистите тврдат дека изборот на храна е исто толку важен колку и комбинирањето на една …