Природни начини да се ОСЛОБОДИМЕ ОД КОМАРЦИТЕ: Некои производи веќе ги имате дома!

Со доаѓањето на убаво време, комарците се веќе пред вратата.
Знаеме колку можат да бидат напорни и да ги расипат убавите моменти надвор или да го нарушат нашиот сон во текот на ноќта, бидејќи тие влегуваат незабележани.
Сепак, постојат природни начини да се заштитите од комарци без употреба на хемикалии.

Билки
Нане, босилек, рузмарин, лук, лаванда или невен успешно ќе се борат против комарците. Ако имате двор, можете да ги засадите, а тие исто така можат да го најдат своето место на терасата.

Спреј од лаванда или масло за тело
Комарците ја мразат лавандата. Може да направите спреј за тело со есенцијално масло од лаванда или едноставно да го нанесете на кожата, вели Bright Side.

Јаболков оцет
Неверојатно е колку може да биде корисен јаболков оцет како повеќенаменски производ. Повеќето луѓе го имаат дома, па доколку вашето место одеднаш го нападнат комарци, направете свој спреј за одбивање со оцет. Нанесете го овој спреј на местата каде што инсектите нормално се собираат и почекајте ги резултатите.

Лук
Според некои студии, јадењето лук помага да ги задржите комарците настрана. Овој лек е добра вест за љубителите на лукот, но ако сè уште не ви се допаѓа, не мора да го јадете во големи количини. Само сварете го и испрскајте ја смесата на местата каде што се собираат комарците.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОМБИНАЦИИ НА ХРАНА КОИ СЕ УБИСТВЕНИ ЗА ОРГАНИЗМОТ: Овие намирници никогаш не треба да ги јадете заедно!

Нутриционистите тврдат дека изборот на храна е исто толку важен колку и комбинирањето на една …