Голема национална еко акција – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД” за „позелена” татковина!

Секоја година пролетта е периодот кога генерално го чистиме домот и градината. Оваа година Делегацијата на Европска Унија Скопје и Мен енд Маунтен ве мотивираат да одите чекор понатаму и да учествувате во чистењето на нашиот заеднички дом – нашата земја.

Затоа ајде сите да ги засукаме ракавите и 7, 8 и 9 мај да ги посветиме на пролетно чистење на отпадот од нашата најблиска околина. Време е за „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД – За чисто како дома исто”!

Секое семејство или поединец е поканет да учествува во акцијата, со тоа што ќе го собере отпадот што ќе го најде во најблиското опкружување, додека пешачат низ градот или одат до локалниот пазар или училиште. Отпадот ќе можат да го одложат во поставените контејнери за отпад на Пакомак, на местата за собирање отпад. Пакомак заедно со јавните комунални претпријатија ќе го измерат отпадот собран за време на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД” и за секои 10 килограми Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе обезбеди по едно дрвна садница. Овие дрва ќе бидат засадени на место што го нарекуваме „СОНЧЕВА ГОРА”, а чија локација ќе биде објавена во текот на летото од Министерството. Потоа во соработка со архитекти за пејзаж за неколку години оваа шума може да стане место во кое посетителите од целата земја ќе можат да уживаат во природата и да се восхитуваат на она што нивните десет прсти го создале.

Општината што собрала најмногу отпад во трите дена ќе биде прогласена за „Општина на годината со најмногу совесни граѓани кои придонесуваат кон здрава животна средина”.

Акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД” е поддржана од Пакомак, како важен фактор во процесот на управување со амбалажниот отпад,  од Министерството за животна средина и просторно планирање со финансиска поддршка, како и од Министерството за земјоделие и шумарство, и вкупно десет општини (Крушево, Охрид, Дебар, Демир Капија, Куманово, Гевгелија, Крива Паланка, Струмица, Штип и Велес), како и Делегацијата на Европската Унија Скопје кои ги здружија силите со нивниот проект „За чисто како дома исто”.

Спроведување на ваква масовна акција за чистење на отпадот се случува во вистинско време – по продолжениот празничен викенд кога голем дел од граѓаните го поминаа на отворено во природа. Идејата за спроведување на организирани, континуирани активности за собирање на отпад во нашата околина, почнувајќи од домовите, дворовите и најблиските излетнички места, ја сметам како добар начин за развивање на позитивни навики и однесувања и соочување со несоодветното и неодговорното постапување со отпадот кој самите го создаваме. Со овој проект, кој доби сестрана поддршка од Министерството за животна средина од самиот почеток, се визуализира уште еден битен момент, а тоа е важноста од воспоставување на добра соработка помеѓу државните институции, локалната самоуправа, бизнис заедницата и граѓаните во постигнување на саканата цел”, изјави министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Пакомак како компанија во изминативе години секогаш ги подржувала и ќе ги подржува активностите од активистите кои што искрено се залагаат за почиста животна средина. Тие се дел од нашата мисија од еден во ден да создаваме почиста животна средина за нас и нашите поколенија. Се надеваме дека оваа акција организирана од Гордана и Ханес ќе прерасне во традиција и во годините што следат со заеднички сили ќе го едуцираме населението во Македонија за правилната селекција и одлагање на отпадотсмета Ико Брдаровски од Пакомак. 

Иницијативата е поддржана и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и лично од министерот Хоџа, кој искажа силна поддршка и ветување за максимални заложби на Министерството, за успешна реализација на овој проект.

Ние како институција, преку грижата за развој на земјоделското производство, индиректно се грижиме и за животната средина. Во последно време, сите сме соочени со влијанието на климатските промени, а тоа е најсилно влијае токму врз земјоделското производство. Со активностите кои ги превзема Владата на РСМ, но и невладиниот сектор, ќе постигнеме придвижување во правец на подигање на свеста кај сите граѓани. Во соработка со „Национални Шуми”, ќе обезбедиме донација во садници, кои ќе бидат засадени оваа есен, на локација која заеднички ќе ја избереме. Нашата порака до сите е дека треба да го чуваме секое дрво, да се грижиме за шумите, да ја чуваме природата и да ја обновуваме. Се надевам дека со ваквите активности, ќе влијаеме на свеста кај сите граѓани, зошто само заеднички можеме да се надеваме на успех”, изјави Министерот Хоџа.

Според Борјанчо Мицевски градоначалникот на Крива Паланка, со оваа акција планот е освен јавните површини во градот да се расчистат и поголем број на излетнички места и локалитети (туристичкиот центар „Калин Камен”, околината на манастирот „Св.Јоаким Осоговски” и други), патни правци кои водат до нив, кои околу претходните првомајски и велигденски празници беа најпосетени. Во таа насока е и апелот од мое лично име и од име на Општина Крива Паланка дека како општина која гради европска иднина и е земја кандидат за членство во ЕУ, да се вклучиме сите и масовно и на дело да покажеме и докажеме дека се грижиме за нашата животна средина, дека ги почитуваме европските регулативи, а воедно и влијаеме на еко  состојбите на глобално ниво. Со тоа на еден пригоден начин креираме здрави животни навики, а од друга страна го прославуваме Денот на Европа, но и ги почитуваме стремежите на нашите европски пријатели за унапредување на состојбите во животната средина, затоа што Планетата Земја е наш заеднички дом.

Сите имаме моќ да ја направиме нашата земја почисто и поздраво место за живот.

 

Со секоја „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД” создаваме еколошки одржлива иднина за сите нас и ја правиме нашата земја почиста и поздраваИЗВАЛКАЈТЕ СЕ И ИСЧИСТЕТЕ. ВРЕМЕ Е ЗА ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – ПРИЈАВЕНИ СЕ 29. ПОЧИНАТИ ЛИЦА: Денес се регистрирани 561. нов случај на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …