Дали сте забележале хоризонтални вдлабнатини на вашите нокти? Еве на што можат да укажуваат!

ВО ВРЕМЕ на пандемијата на коронавирусите, откриени се голем број нови, понекогаш невообичаени знаци и симптоми на ковид-19. Експертите неодамна откриле хоризонтални вдлабнатини на ноктите на поединци што би можело да покаже дека тие го преболеле ковид 19, пишува Independent.

Британскиот епидемиолог, професор Тим Спектор, главен истражувач на апликацијата Zoe Covid Symptom Study, која ги следи новите симптоми на ковид, на Твитер објавил дека „промените во ноктите во форма на хоризонтални вдлабнатини може да укажат на преболен ковид и на тоа дека едно лице се опоравува после инфекцијата“.

Таквите хоризонтални набори на ноктот се познати во медицината како Beau lines, кои се јавуваат како реакција на привремена пауза во растот на ноктите поради повреда или болест или може да бидат остаток од стара механичка повреда или болест и најчесто се бенигни.
Професор Спектор потврдува дека ваквите вдлабнатини се инхерентно безопасни и не треба да предизвикуваат загриженост како поединечен симптом. Тој додава дека кај луѓето кои прележале ковид, ваквите набори најчесто се појавувале без дополнителни компликации како што се осип на кожата.
Тој исто така рекол дека вдлабнатините на ноктот ќе исчезнат кога основната болест веќе не претставува проблем и ноктот целосно ќе порасне и ќе се опорави за околу шест месеци.
Во една статија неодамна објавена во „Журнал на канадската медицинска асоцијација“ се вели дека на 45-годишник Боовите линии се појавиле три и пол месеци откако му бил дијагностициран ковид-19.

Научниците предупредуваат дека вдлабнатините на ноктите не се карактеристични само за ковид-19, туку можат да се појават како знак на разни системски проблеми. Тие се јавуваат, на пример, кога тироидната жлезда работи премногу или премалку, што влијае на хормоните кои го контролираат растот на ноктите, кожата и косата.
Ако Боовите линии се појавуваат на сите 20 нокти истовремено, тоа може да укаже на инфекција, како што се пневмонија, заушки или сифилис, а исто така може да сигнализира проблеми со срцето, црниот дроб или бубрезите.
Значи, Боовите линии не треба да се сфатат како сигурен знак дека сте биле заразени со респираторниот вирус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОМБИНАЦИИ НА ХРАНА КОИ СЕ УБИСТВЕНИ ЗА ОРГАНИЗМОТ: Овие намирници никогаш не треба да ги јадете заедно!

Нутриционистите тврдат дека изборот на храна е исто толку важен колку и комбинирањето на една …