Мурињо носи тројца играчи во Рома – едниот од најдобрите би можел веднаш да го избрка!

РОМА вчера објави дека Жозе Мурињо ќе го преземе тимот на крајот на сезоната. Тоа ќе биде враќање на славниот Португалец во италијанската лига, од која замина во 2010. година како шампион со Интер.
Скај Спорт објави дека Мурињо веќе го претставил планот за следниот преоден рок пред челниците на Рома. Португалецот сака да донесе нов голман, напаѓач кој ќе биде резерва за Един Џеко и централен играч за врска. Мурињо и Рома се договориле полека да градат нов тим и ова лето нема да се трошат големи пари за нови играчи.

Заминува еден од најдобрите играчи?


Хенрик Мхитаријан би можел да го напушти клубот по доаѓањето на Мурињо. Договорот на ерменскиот фудбалер, кој е еден од најдобрите играчи на Рома оваа сезона, трае до крајот на сезоната. Мхитаријан и Мурињо работеа заедно порано во Манчестер Јунајтед. Португалецот најпрво го донесе на „Олд Трафорд“ од Борусија Дортмунд, а потоа 18 месеци подоцна, незадоволен од неговите игри, го продал на Арсенал.
„Еднаш, Мурињо ме забележа на појадок, ми пријде и ми рече:’Заради тебе, медиумите ме распнуваат!’. Јас му одговорив: ‘Навистина? Не го правам тоа намерно’, се присетил Ерменецот за ситуацијата од Јунајтед и открил дека тој имал најкомплицирана врска со Мурињо од сите тренери во неговата кариера.
Мурињо за Мхитаријан рече дека тој е одличен играч, но дека неговиот карактер не се вклопува во неговиот тим затоа што не може да го прифати фактот дека не игра на секој натпревар од првата минута.
Португалецот тренираше уште двајца играчи на Рома – Крис Смолинг и Педро. Тој има подобар однос со нив отколку со Ерменецот, кој оваа сезона постигна 11. голови и 11. асистенции

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Роналдо пред прес конференцијата видел „Кока кола“ па направил шоу: Неговата реакција е ХИТ!

АКТУЕЛНИОТ Европски шампион Португалија го отвора Европското првенство во вторник. Нивен прв противник е Унгарија, …