Едноставни трикови да го освежите просторот каде се пуши

Во просториите каде се пуши застоен мирис на чад од тутун, често се вовлекува во толкава мерка што вентилацијата не помага. Доколку не можете да избегнете пушење дома, испробајте ги следниве трикови кои ќе ви помогнат.
1. Не држете ги прозорците отворени на кип – циркулацијата на воздухот е премала за да помогне при вентилација. Наместо тоа, отворете го широко прозорецот секој час на најмалку пет минути.

2. Редовно перете ги завесите и каучите, не пушете во таа просторија ден после перењето, бидејќи мирисите полесно се апсорбираат во влажни предмети. Теписите и каучите пред да ги перете посипете ги со малку сода бикарбона.

3. Набавете свеќник за есенцијални масла – во него се става мала свеќа на дното, а на врвот е сад во кој се става вода. Додадете четири до пет капки есенцијални масла во водата, по можност малку цитрус, бидејќи тие се најефикасни во отстранувањето на мирисите.

4. Трикот со оцет исто така помага – ставете околу 1 дл оцет во чаша (по ваш избор, што веќе го имате во кујната) и оставете го да испари во текот на ноќта, а наутро просторијата ќе биде свежа. Активниот јаглен, кој се користи за лекување на стомачни и цревни вируси, исто така служи како собирач на мириси, но внимавајте да го оставите на повисоките полици надвор од дофат на деца.

5. Ако во вашиот дом има пушачи, одделете една пластична кантичка и наполнете ја со талог од кафе. Потоа отпушоците фрлете ги во неа и затворете ја херметички, а талогот од кафето треба да го неутрализира мирисот. Кога ќе ја наполните кантичката, фрлете ја.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОМБИНАЦИИ НА ХРАНА КОИ СЕ УБИСТВЕНИ ЗА ОРГАНИЗМОТ: Овие намирници никогаш не треба да ги јадете заедно!

Нутриционистите тврдат дека изборот на храна е исто толку важен колку и комбинирањето на една …