(ФОТО) Турски лекар извршил операцијата додека бил поврзан на инфузија

За време на операцијата во Бурса се случила необична ситуација. На д-р Басут му се слошило за време на операцијата, но тој решил да ја заврши започнатата операција со тоа што неговите колеги му ставиле инфузија што го одржувала стабилен за време на операцијата, која траела два часа.
Специјалист од Универзитетот во Бурса Улудаг, проф. д-р Огуз Басут го воодушевил целиот свет со својата храброст и одлучност.
Имено, за време на операцијата во Бурса се случи необична ситуација. На д-р Басут му се слошило за време на операцијата, но тој решил да ја продолжи започнатата операција со тоа што неговите колеги му ставиле инфузија што го одржувала стабилен за време на операцијата, која траела два часа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oğuz Basut (@oguzbasut)

Според турските медиуми, почитуваниот лекар имал проблем предизвикан од труење со храна ден пред операцијата.
„Тоа беше нормален ден за нас. Ден претходно имав труење со храна и дехидратација. Се чувствував добро од земањето инфузија претходниот ден. Имав критична операција закажана утрото. Младата девојка мораше да се оперира од тумор на плунковната жлезда, тоа беше доста тешка и комплицирана операција“, рекол др. Басут, пренесува турски Haber Global.
Тој исто така истакнал дека верува дека сите медицински лица би го сториле истото во слична ситуација.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МНР ги објави препораките за влез во Грција до 24 мај – Какви се’ документи ќе ви бидат потребни!

МНР информира дека Владата на Хеленската Република, донесе нова заедничка министерска одлука со која од …