(ФОТО) Бомба: Мурињо стана нов тренер на Рома!

Вистински фудбалски шок – Жозе Мурињо склучил договор со Рома и од следната сезона ќе стане тренер на римскиот клуб.
Клубот објавил дека е постигнат договор за следната сезона, така што Португалецот успеа да најде брзо тренерски ангажман, по отказот во Тотенхем.
Мурињо го потпиша договорот до јуни 2024 година, а финансиските детали засега не се познати.
До неодамна, Мурињо го водеше Тотенхем, но тој доби отказ непосредно пред финалето на Лига купот со Манчестер Сити.
Португалецот во последно време нема многу успех, бидејќи си замина од неколку клубови откако доби отказ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

Римскиот клуб има турбулентна сезона зад себе во која се пласираше во полуфиналето од Лигата на Европа, но претрпе тежок пораз од Манчестер Јунајтед на првиот натпревар со резултат 6:2.
Во италијанскиот шампионат на „волчицата“ не и цветаат рози, тие се наоѓаат само на седмата позиција што води во Конференциската лига, а таа позиција е загрозена, бидејќи Сасуоло заостанува само два бода, па лесно може да останат без Европа следно сезона.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати противниците на нашите ракометари: Македонија ќе игра во Дебрецин

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците за престојното Европско првенство 2022 година. Кирил Лазаров …