ФЕНГ ШИУ – Како да го свртите животот? Почнете да ги правите овие 7. работи секој ден и ќе доживеете НЕВЕРОЈАТНА промена!

Како да направите позитивни промени во секојдневниот живот според фенг шуи? Ова е список со 7. работи кои треба да ги практикувате:
1) Будење – Кога станувате од кревет, истегнете се, раширете ги рацете и поздравете го наредниот ден („Добро утро природа, дрвја, цвеќиња …“, „Подготвена сум да ги прифатам сите придобивки на денешницата“). Би било добро да усвоите рутина на дневни утрински вежби, дури и да се само 10 минути.

2) Средување на бањата – На првиот состанок со вашиот одраз во огледалото, поздравете се со зборовите – Добро утро убавица/убав или Си се допаѓам.

3) Задолжителен појадок – Дури и кога брзате, земете барем залак храна (тост, овошје …) за да му дадете енергија на вашето тело. Правењето зелен чај со појадок е многу ефикасно во чистењето на организмот. Доколку не појадувате дома, насочете ги дланките кон храната со мисла дека нема да ви наштети, за да ја избркате потенцијалната негативна енергија што некој ја префрлил на вашата храна (на пример ако готвачот бил лут додека го подготвувал вашиот оброк).

4) Напуштање на домот и патот – Пред да заминете од станот/куќата, излезете на прозорецот и вдишете свеж воздух со благодарност за новиот ден. Насмевнете им се на луѓето, затоа што она што ќе им го пратите ќе го добиете назад (насмевка – насмевка, критика – критика). Бидете свесни за сегашниот момент (убаво дрво на пат кон работа, шарена зграда, чврчорење на птици …). Влезете на работа со поздрав и позитивна приказна. Бидете сигурни дека вашата работна маса е средена.

5) Подарувајте – Научете редовно да подарувате. Не мора да биде нешто материјално. Подароците ги прават луѓето среќни и шират позитивна енергија. Ќе бидете изненадени од повратните информации.

6) Читајте што е можно повеќе – Покрај тоа што е добри за тренирање на мозокот, преку читање вие работите на себе и стекнувате знаење што можете да го оставите во наследство на вашите деца.

7) Бележник или дневник – Запишете ги вашите мисли и чувства, залепете слики од она кон што се стремите, запишете ги своите цели (секогаш запишувајте ги своите цели во сегашно време, како сето ова веќе да се случува, така што ќе го привлечете посакувани настани). Напишете во вашиот дневник корисни работи што сте ги научиле во текот на денот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Направете сами ваше универзално СРЕДСТВО ЗА ЧИСТЕЊЕ ФЛЕКИ: Потребни се три состојки!

Има сè повеќе производи за чистење кои можат да се направат од состојките што секогаш …