ТРАНСФЕРИ – Италијански новинар открил во кој клуб ќе оди Роналдо после Јувентус

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ниту оваа сезона не успеа да ја освои Лигата на шампионите со Јувентус и остана без титулата шампион на Италија.
Во Италија многу се пишуваше дека португалскиот напаѓач може да го смени клубот ова лето, но новинарот на Sport Mediaset, Клаудио Раимонди, тврди дека Роналдо ќе остане во Јувентус се додека не му истече договорот. Јувентус и 36-годишниот Роналдо имаат договор до крајот на следната сезона.
После тоа, тврди Раимонди, Роналдо ќе замине во Спортинг Лисабон како слободен играч, клубот во кој ја започна својата кариера. Оваа теза е поткрепена со фактот дека Роналдо неодамна купи луксузен пентхаус во Лисабон за шест милиони евра.
Роналдо играше за Спортинг до 2003. година, кога се пресели во Манчестер Јунајтед за 19. милиони евра. За Спортинг одиграл 31 натпревар и постигнал пет погодоци со пет асистенции.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати противниците на нашите ракометари: Македонија ќе игра во Дебрецин

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците за престојното Европско првенство 2022 година. Кирил Лазаров …