Истражување: Зеленчук кој го намалува ризикот од карцином за 45. проценти

Според новата студија, честата конзумација на печурки е поврзана со помал ризик од рак. Со систематски преглед и мета-анализа испитани биле 17. студии за рак објавени од 1966. до 2020. година. Анализирајќи ги податоците на повеќе од 19.500 пациенти заболени од рак, научниците откриле врска помеѓу конзумацијата на печурки и ризикот од рак.
Истражувањето е спроведено од Институтот Пен и објавено во списанието „Advances in Nutrition“.
Печурките се богати со витамини, хранливи материи и антиоксиданти. Наодите на научниците од Институтот Пен покажуваат дека оваа „супер храна“ може да помогне и во заштита од рак.


Научниците откриле дека луѓето кои вклучуваат било каков вид печурки во нивната секојдневна исхрана, имаат помал ризик од рак. Според наодите, луѓето кои јаделе 18. грама печурки на ден имале 45% помал ризик од рак во споредба со оние кои не јаделе печурки.
„Печурките се најголемиот извор на ерготионин, кој е единствен и моќен антиоксиданс и клеточен заштитник“, рекол Џибрил М. Ба, апсолвент по епидемиологија на медицинскиот колеџ Пен.


При испитување на специфични карциноми, научниците забележале дека луѓето кои редовно јадат печурки имаат значително помал ризик од рак на дојка. Ба објаснил дека тоа може да биде затоа што повеќето студии не вклучуваат други форми на рак.
Ова истражување би можело да биде корисно при понатамошно истражување на заштитните ефекти што ги имаат печурките.
„Наодите обезбедуваат важни докази за заштитните ефекти на габите од рак“, рекол коавторот Џон Ричи, истражувач од Институтот за карцином Пен и професор по фармакологија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Направете сами ваше универзално СРЕДСТВО ЗА ЧИСТЕЊЕ ФЛЕКИ: Потребни се три состојки!

Има сè повеќе производи за чистење кои можат да се направат од состојките што секогаш …