Дали знаете за што служи витаминот Ф и каде го има?

Витаминот Ф, кој е составен дел од растителни масла, е неопходен за правилен раст и развој на организмот.
Овој витамин се состои од есенцијални полинезаситени масни киселини: лион, линолеична и арахидонска киселина. Витаминот Ф влијае на оксидативните процеси на метаболизмот, согорува заситени масти и помага да се изгубат вишокот килограми.
Исто така, овој витамин спречува таложење на холестерол, а кај дијабетичарите го намалува ризикот од кардиоваскуларни нарушувања и спречува болести на окото.


Докажано е дека витаминот Ф ја ублажува болката во менструалниот циклус, а се користи и во терапија со стерилитет. Витамин Ф се наоѓа во растителни масла, а најмногу го има во маслата од соја, пченка, кикирики и ленено семе. Исто така, оревите, бадемите, сончогледот и авокадото го содржат овој витамин. Препорачаната доза на витамин Ф е до 20 грама, што би значело приближно две лажици масло на ден.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Направете сами ваше универзално СРЕДСТВО ЗА ЧИСТЕЊЕ ФЛЕКИ: Потребни се три состојки!

Има сè повеќе производи за чистење кои можат да се направат од состојките што секогаш …