(ВИДЕО) „Еден е жив, дали некој знае нешто за ова“: Морничаво видео кое и научниците ги оставило во чудо

Глетка што ретко се гледа
Новозеланѓанецот од Окланд ги шокирал корисниците на Интернет ширум светот, но и експертите. Имено, тој објавил видео од неколку чудни суштества кои личат на инсекти.
„Мајка ми го најде ова на подот од кујната. Еден е сè уште жив. Дали некој знае што е тоа? Ники е преплашена и ќе има ноќни кошмари со недели“, напишал тој покрај видеото со исклучително бизарни суштества, од кои едното се движело.
Освен корисниците на социјалните мрежи кои биле воодушевени, за видеото се заинтересирале и научници.
Ентомолозите првично претпоставувале дека станува збор за црви со црвени опашки, кои можат да бидат опасни за луѓето доколку се проголтаат. Иако е тешко да се идентификуваат врз основа на сликите, овие црви се претежно поголеми, па некои тврдат дека станува збор за чиста измама.
Досега, најдоброто објаснување, но не и последното, го понудија ентомолозите од Агенцијата за биосигурност на Нов Зеланд. Тие претпоставуваат дека станува збор за нозе на молец, додека остатокот од телото веројатно го изела мачка.

Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за сабота, 15.05.2021: Во приватниот живот избегнувајте личност која делува депресивно на вашето расположение. Фокусирајте го своето внимание во позитивна насока

Овен Љубов: Планирајте омилена забава или нова љубовна средба. Некој ве охрабрува да бидете расположени …