(ВИДЕО+ФОТО) ЕДНА ГОДИНА БЕЗ ДРАГАН ВУЧИЌ – Не напушти но ни остави големо богатство – ако умееме да го цениме!

Помина една година од прераното заминување на Драган Вучиќ. Не може да се нарече само пејач, ниту пак само водител, а уште помалку тв лице бидејќи Драган Вучиќ беше повеќе од сето тоа…На овој тажен ден, една година откако прерано не напушти поради компликациите со корона вирус, потсетуваме на делото на Драган Вучиќ!
Помладите генерации го знаат само како водител, но не и како музичар кој остави длабока трага во историјата на македонската музика…
Се’ некако скромен, смирен, ненаметлив, но беше тука за да помогне, да овозможи шанса за ново име (ако ги мине неговите тестови за квалитет), да даде песна, да помогне во создавањето на нешто ново…
Почетоците беа типични за наши (па и пошироки простори) во бенд во кој свиреше гитара но кога ќе го земеше бузукито во рака сигурно ќе ве оставеше без зборови…Ја имавме таа можност на една нивна свирка во „Мрдаја“ во Дојран, кога дојдовме ненајавени, а тој ни свиреше и пееше…Вечер за паметење, една од многуте…


Драган Вучиќ ќе остане засегоша впишан како еден од основоположниците нма македонската јавна сцена од осамостојувањето па се до неговата прерана смрт. Академски музичар, врвен инструменталист, виртуоз зад бас гитарата, уште од најмала возраст се среќава со музиката, талент кој ќе го наследи од неговиот татко, некогаш познат хармоникаш.

Искуството Вучиќ го стекнува свирејќи низ многу групи во младоста, кога се запознава и со својата сопруга, Весна, ќерка на прочуениот македонски гајдаџија и легенда на изворниот македонски фолклор, Пеце Атанасовски.

Вучиќ професионално и се посветува на фолк музиката, иако забавната никогаш нема да ја напушти. Кон крајот на 80-ттите јавната музичка кариера на Драган Вучиќ започнува во групата „Тавче гравче“ каде беше басист и придружен вокал на Смиља Митревска, со кои издава и ЛП плоча со најпознатиот сингл „Ако имаш срце“.

 

Во почетокот на 90-ите години, Вучиќ станува член на новоформираната и тогаш многу популарна македонска фолк група „Кода“, каде исто така свири бас гитара, но сега е и главен вокал. Нивниот хит „Ника Марика“ ќе стане вонвремнски и ќе остане во аналите на македонската новосоздадена фолк песна.

Во тоа време некаде веднаш по осамостојувањето, по распадот на групата покрај солистичката пејачка кариера, Драган Вучиќ влегува и во водителските води, професија што наа себесвојствен начин, оригинален, уникатен и пред се близок до вкусот на народот, успешно ќе ја турка се до неговиот последен ден во животот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Бил подготвен да го даде својот живот за братот: Тој е еден од најомилените холивудски глумци, а неговиот живот крие ГОЛЕМА ТАГА!

Еден од најголемите холивудски актери, бил подготвен својот живот да го даде за животот на …