(ФОТО) Принцот Хари прв пат после погребот снимен во јавност – Одржал говор за важноста на вакцинацијата!

Принцот Хари се појавил во јавноста, по прв пат, во неделата по погребот на неговиот дедо, принцот Филип. Тој учествувал на концерт за обединување на светот, чија цел е да се подигне глобалната свест за важноста на вакцинацијата. Сите присутни му аплаудираа на Хари за неговиот говор.
„Здраво на сите. Се наоѓаме во клучен момент во глобалната борба против Ковид-19. Вечерва е прославата на секој од вас овде, вакцинирани работници и милиони херои низ целиот свет од првите редови на борбата против коронавирусот”, го започнал Хари своето обраќање до јавноста.

„Минатата година ја поминавте во храбра и несебична борба да не заштитите. Вие служевте и се жртвувавте, ставајќи се себе на штета со многу храброст, знаејќи ги последиците. Ви должиме неверојатна благодарност”, додал Хари. „Оние што ги познаваме и не ги познаваме треба да ги гледаме со емпатија и сочувство“.


Тој истакнал дека пандемијата не може да заврши ако сите не дејствуваме колективно.
„Вакцината мора да се дистрибуира до сите и насекаде. Не можеме да се одмориме или вистински да се опоравиме сè додека нема фер дистрибуција до секој агол на светот”, рекол принцот Хари

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prince Harry (@princeharryofengland)

Тој тврди дека вакцината мора да биде основно право за сите.
„Никој од нас не треба да мисли дека ќе бидеме добро кога страдаат толку многу луѓе. Во реалноста, особено со оваа пандемија, кога некој страда, сите страдаме”, додал тој.
Бројни sвезди учествувале на концертот, а со видео пораки се јавиле и бројни политичари. Концертот е снимен на 2. мај а ќе се емитува на 8. мај на различни ТВ канали ширум светот и на ЈуТјуб.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …