(ФОТО) „Емпаер стејт билдинг“ го слави својот 90-ти роденден

Најпознатата деловна зграда во светот, Empire State Building, слави 90-годишен јубилеј.
Оваа препознатлива икона на Њујорк со 102 ката е едно од најпопуларните градски обележја, а нејзините видиковци, кои нудат прекрасен поглед, ја посетуваат просечно околу четири милиони луѓе секоја година.
Empire State Building беше отворен на 1. мај 1931 година, со симболично притискање на копче и палење светла од страна на американскиот претседател Херберт Хувер

Специјалното осветлување остана посебна атракција на оваа уникатна зграда до ден-денес. Различни комбинации на бои, поточно три од нив, се менуваат за да означат различни настани.
Интересно, светлата беа исклучени околу една година помеѓу 1973. и 1974. година, како резултат на енергетската криза.

Изградбата траела само нешто подолго од една година, што е фасцинантен факт, ако имаме предвид дека станува збор за зграда висока 381. метар, тогаш највисока во светот. Таа титула ја задржа до завршувањето на Sears Tower во Чикаго во 1974. година, чија висина е 443. метри.

Емпаер стејт зградата стана уште повисока во 1950. година поради инсталираната антена. Покривот на зградата се наоѓа на висина од 380. метри, а вкупната висина со антената е 443,2 метри.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Направете сами ваше универзално СРЕДСТВО ЗА ЧИСТЕЊЕ ФЛЕКИ: Потребни се три состојки!

Има сè повеќе производи за чистење кои можат да се направат од состојките што секогаш …