Вдовицата на кошаркарската легенда Коби Брајант, Ванеса Брајант, на својот Инстаграм и го честиташе роденденот на својата покојна ќерка Џијана, која загина во страшна хеликоптерска несреќа со нејзиниот татко во јануари минатата година.
Имено, Џијана Брајант вчера би го прославила својот 15-ти роденден, а нејзината мајка Ванеса објави емотивна посвета на својата втора ќерка, која била миленичка на Коби.
„Драга Џијана, среќен 15-ти роденден! Те сакам! Ми недостасуваш секој ден! Посакувам да бевте тука со нас. Нема зборови да опишат колку ми недостигаш. Те сакам Мамбасита“, напишала Ванеса со заедничка фотографија со нејзината покојна ќерка.
View this post on Instagram
Вдовицата на Коби со денови пред нејзиниот роденден на својот Инстаграм објавувала колекција на тренерки што и ги посветила на неа и на кои е напишан нејзиниот прекар Мамбасита, кој ги добила по нејзиниот татко, кој беше наречен Црна Мамба.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Коби и Џијана трагично загинаа на 26. јануари во пад на хеликоптер во Калифорнија, а Ванеса сè уште не може да ги сокрие тагата и болката со кои се справува.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram