(ФОТО) Били Ајлиш во провокативно издание на британскиот ВОГ

„Благодарам британски Вог што ја почитувавте мојата визија“, напиша Били Ајлиш на својот Инстаграм и сподели насловна фотографија и фотографии од снимање на едиторијалот.
Младата американска пејачка и текстописец, позната по своите привлечни видео и аудио ефекти, не се смее ниту на оваа насловна страница.
И покрај критиките за нејзиниот ексцентричен стил на облекување, па дури и за тоа што никогаш не се смеела на фотографии, таа тврди дека „насмевката ја прави слаба и беспомошна“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

Добитничката на дури четири Греми награди во 2020 година (за песна на годината, композиција на годината, албум на годината и награда за најдобар изведувач) има големо внимание на публиката и јавноста, така што сè околу неа и нејзиниот моден стил се следи.
Познато е дека избегнува тесна облека што ја нагласува линијата на телото, за да не привлече внимание и да и даде можност на јавноста да коментира за нејзиниот изглед и сексуалноста. На нејзините видеа, таа главно носеше широки дуксери, тренерки, маици, за нејзиниот глас и уметноста да бидат во преден план.
Нејзината позиција е дека жените на јавната сцена се гледаат премногу како сексуални објекти, така што оваа насловна страница сигурно ќе има големо влијание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

„Ги сакам овие фотографии и уживав додека го правев ова снимање. Прави што сакаш кога сакаш”, напиша таа под една од фотографиите од овој провокативен едиторијал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Направете сами ваше универзално СРЕДСТВО ЗА ЧИСТЕЊЕ ФЛЕКИ: Потребни се три состојки!

Има сè повеќе производи за чистење кои можат да се направат од состојките што секогаш …