*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Терезијата важи за неодолив знак затоа што ќе стори сé за да заведе припадничка на понежниот пол, но…
Лав
Вистински предатор меѓу знаците. Додворувањето е директно, гламурозно и со многу комплименти. Сака да ја остави својата партнерка без текст, а тоа го постигнува со скапи подароци, изглед и секако интелигенција. Не бара ништо помалку од својата партнерка.
Тој е во состојба да ја посвети целата своја енергија и слободно време на додворување за да го освои својот „плен“. Тој е во состојба да подготви такви моменти кои засекогаш ќе останат во меморијата.
Мажите Лав се сметаат за големи љубовници, доминантни и страствени луѓе.