Дали знаевте дека премногу НИСКИОТ ВНЕС НА МАГНЕЗИУМ значително го зголемува ризикот од ДИЈАБЕТЕС? Еве како тоа да го спречите!

Намалете го ризикот од ПОЈАВА на дијабетес со земање магнезиум.
Премалиот внес на магнезиум подолго време го зголемува ризикот од развој на најчестите хронични заболувања денес, вклучувајќи дијабетес тип 2, покажуваат резултатите од анализата објавена во списанието „Pharmacological Research“.
Анализата покажала дека дополнителниот внес на магнезиум, преку исхрана, има корисен ефект и на нивото на гликоза во крвта и на чувствителноста на инсулин, и кај дијабетичарите и кај недијабетичарите.
Магнезиумот е минерал од непроценливо физиолошко значење за организмот и треба да обезбедиме внес на 375 мг на ден преку нашата исхрана.


Не само што хроничниот внес на магнезиум го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2, туку луѓето со дијабетес имаат поголема веројатност да имаат намалено ниво на магнезиум во своите клетки отколку недијабетичарите.
Се’ повеќе се зборува за важноста на водата што содржи магнезиум, што е потврдено со истражувањето објавено во списанието „Nutrients“, кое покажало дека повисоките нивоа на магнезиум во водата за пиење се значително поврзани со помал ризик од смртност од коронарна срцева болест.

Поради големиот број на функции во кои учествува, магнезиумот постојано се троши во организмот, затоа е потребно да се зема секој ден во следниве дози:
За бебиња до 6 месеци возраст: 30 мг
7-12 месеци: 75 мг
1-3 години: 80 мг
4-8 години: 130 мг
9-13 години: 240 мг
14-18 години: 410 мг за мажи и 360 мг за жени
19-30 години: 400 мг за мажи и 310 мг за жени
Возрасни од 31 година и постари: 420 мг за мажи и 320 мг за жени
Бремени жени: 350-360 мг
Жените кои дојат: 310-320 мг


Сега кога знаете колку магнезиум треба да внесете, погледнете во списокот на намирници што се најдобри извори на магнезиум во храната. Исто така, постојат количини во споредба со дневниот препорачан внес за возрасна жена:
Спанаќ: 1 чаша варен спанаќ – 157 мг (49% од дневната потреба)
Блитва: 1 чаша варена блитва – 150 мг (47%)
Црн грав: 1 чаша варен грав – 120 мг (37%)
Мунго грав: 1 чаша – 97 мг (30%)
Бадеми: 1/4 чаша – 97 мг (30%)
Ореви: 1/4 чаша – 91 милиграм (28%)
Компири: 1 голем варен компир – 85 мг (26%)
Семки од тиква: 1/4 чаша – 42 мг (13%)
Авокадо: 1 суров плод – 39 мг (12%)
Банани: 1 парче – 37 мг (11%)
Брокула: 1 чаша – 32 мг (10%)
Прокељ: варено 1 чаша – 32 мг (10%)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Направете сами ваше универзално СРЕДСТВО ЗА ЧИСТЕЊЕ ФЛЕКИ: Потребни се три состојки!

Има сè повеќе производи за чистење кои можат да се направат од состојките што секогаш …