(ВИДЕО) ПРАВО НА ЛИЧЕН ИЗБОР – КАМЕРАТА ГО ЗАБЕЛЕЖАЛА МОРБИДНИОТ МОМЕНТ: Тинејџер им рекол на родителите дека повеќе не сака да живее и да се бори со болеста па се убил пред нив!

Камерата снимила трагичен момент кога австралиски тинејџер кој умирал од рак на коски, им рекол на своите родители дека не сака повеќе да живее, пред да се самоубие – дома.
Рис Хаберман (19) го снимил видеото во јануари 2017. година – при крај на изгубената 18. месечна битка со ракот што се проширил од колкот до рамената, ребрата, ‘рбетот, черепот и белите дробови.
Соочен со болна смрт при палијативна нега, Рис решил да стави крај на својот живот, но тој инсистирал прво да снима видео за да ги ослободи неговите родители, Брет и Лиз, од какви било законски одговорности.
– Верувам во моето право да умрам по сопствен избор. Ова е тешко за секого, но јас одбивам да поминам низ палијативна нега, откако малку го доживеав. Поболно е отколку што можев да замислам – рекол тинејџерот.
Само неколку минути по снимањето на видеото, тој си го одзел животот пред неговите родители.
Неколку часа подоцна пристигнала полицијата. Следувала 18. месечна истрага, која завршила со ослободување на Брет и Лиз, најмногу благодарение на видеото.
Парот сега го споделил болното видео со јавноста и апелирал да се легализира еутаназијата, така што ниту едно друго семејство не мора да ги помине страдањата што ги претрпеле.

Трауматското искуство започнало во 2015. година кога Рис, кој тогаш бил на последна година од училиштето, се вратил дома жалејќи се на болка во колкот. Тој отишол на магнетна резонанца која открила дека страда од сарком на Јуинг, што е форма на рак на коска.
За рано откриени пациенти, петгодишната стапка на преживување за оваа форма на карцином е близу 70. проценти. Во случајот на Рис, петгодишната стапка на преживување била од 20. до 30. проценти.
Тинејџерот брзо започнал со хемотерапија, што неговиот татко го опишал како „страшно искуство“. Тој се сеќава дека по третманот го слушал неговиот син како „постојано повраќа“.
Лиз рекла дека за време на продолжувањето на третманот, Рис започнал да зборува за желбата да се стави крај на страдањето и за него побарала експерти за ментално здравје.
Но, по неговиот 18-ти роденден, тој донел одлука да престане со хемотерапија и да го искористи времето што му преостанува. Заминал на одмор во Тајланд со неговиот помлад брат и најдобар пријател.
Кога наполнил 19. години, лекарот изнел застрашувачка, но очекувана прогноза – ракот се проширил.

Со крајната дијагноза, Рис започнал сериозно да разговара за неговата желба да се самоубие. Неговиот план бил да го стори тоа сам во хотелска соба за да не ги инкриминира неговите родители. Тие не го дозволиле тоа, велејќи му на Рис декатоа мора да го стори дома.
– Тој рече дека можеме да одиме во затвор, но не се откажавме. Последните 18. месеци од својот живот, тој бараше начин да умре, што ќе биде најмалку трауматично за нас – рекла Лиз.
За да го заштити семејството, Рис ги замолил родителите да го снимат од неговот кревет. По краткото видео, тој за последен пат се прости од своите родители и брат. Најмалите брат и сестра во тој момент биле со своите пријатели и немале поим што се случува.
Неколку часа по смртта на Рис, полицијата пристигнала и почнала да ги зема неговите работи како доказ. Семејната куќа се сметала за место на злосторство. Полицајците поминале 12. часа во „проверка на собата“, лаптопот, телефонот и личните предмети на Рис. Потребни биле дополнителни 18. месеци неговите родители да се ослободат од каква било вина.

Фото: Принтскрин/Тwitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Направете сами ваше универзално СРЕДСТВО ЗА ЧИСТЕЊЕ ФЛЕКИ: Потребни се три состојки!

Има сè повеќе производи за чистење кои можат да се направат од состојките што секогаш …