(ВИДЕО+ФОТО) ТОЈ ЛУД СВЕТ – Морбидно: Боксер пукал во трудната девојка и ја фрлил од мост

Феликс Вердехо е уапсен под сомнение за убиство на бремената девојка Феликс Вердехо.
Порториканскиот боксер и поранешен учесник на Олимписките игри, Феликс Вердехо (27) и се предал на полицијата по обвинувањата дека ја убил својата бремена сопруга.

Морбидни информации доаѓаат во врска со боксерот кој беше учесник на Игрите во Лондон во 2012 година.

Доколку биде прогласен за виновен, на Вердех му се заканува смртна казна. Тој во неделата и се предал на полицијата која го бркала за најстрашните обвинувања, пренесува „Њујорк тајмс“.
Вердехо е осомничен за убиство на бремена девојка и фрлање од мостот!
Случајот привлекол големо внимание, бидејќи неговата девојка Сесла Родригез исчезнала пред неколку дена, ФБИ исто така започнал истрага, а нејзиното тело било пронајдено во главниот град на Порто Рико, Сан Хуан, во саботата.
Вердехо, со прекар „Дијамант“, е осомничен дека прво ја претепал девојката, по што тој вбризгал одредени материи во нејзиното тело. Потоа и ги врзал рацете и нозете, и бетонски блокови за да потоне.
И, тоа, за жал, не е сè, туку тој наводно ја застрелал во стомакот пред да ја фрли од мостот. Сведоците наведуваат и дека тој имал еден соучесник.
Доколку обвинувањата се покажат точни, на Феликс му се заканува смртна казна.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати противниците на нашите ракометари: Македонија ќе игра во Дебрецин

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците за престојното Европско првенство 2022 година. Кирил Лазаров …