Илјадници посетители присуствувале на првиот ден, во саботата, од музичкиот фестивал „Wuhan Strawberry Music Festival”. Музичкиот фестивал во градот од каде потекна коронавирусот повторно се одржал во живо, откако минатата година беше организиран преку Интернет.
Сепак, оваа година, на фестивалот во овој кинески град, луѓето танцуваа, скокаа, посетителите врескаа од одушевување додека некои од нивните омилени музичари излегуваа на сцената.
Портпарол на организаторите изјавли дека бројот е ограничен оваа година, додавајќи дека во саботата на фестивалот имало околу 11.000 луѓе.
View this post on Instagram
Биле поставени огради, обезбедувањето го ограничило бројот на луѓе во тие области. Некои носеле маски, но многумина не.
Луѓето во Вухан, каде што за прв пат се појави коронавирусот, живееја под сериозни ограничувања повеќе од два месеци минатата година за време на првото заклучување предизвикано од појавата на коронавирусот.
View this post on Instagram
Сега градот, според официјалните податоци, е скоро целосно без вируси. Општиот тренд на последните месеци во Кина, кој бележи само неколку спорадични епидемии, значително го ублажи стравот од вирусот.
View this post on Instagram
Дводневниот настан обединува познати и помалку познати локални пејачи и бендови на три сцени во Експо паркот Вухан Гарден.
„Strouberi mjuzik festival“ се одржува и во други кинески градови, вклучително и во Пекинг, за време на националниот празник.
Фото: Принскрин/Instagram