(ВИДЕО) ГОЛЕМ ХАОС: Навивачите на Манчестер провалиле на стадионот

Тензиите околу Суперлигата не стивнуваат, иако таа не заживеа, но навивачите на Манчестер Јунајтед упаднаа на стадионот „Олд Трафорд“.
Хаос во Премиер лигата пред дербито на 34. коло, во кое Ливерпул требаше да гостува кај Манчестер Јунајтед.
Навивачите на „црвените ѓаволи“ со денови протестираат против сопственикот на клубот, семејството Глејзер, а сега немирите ескалирале пред познатиот стадион.
Приврзаниците на Јунајтед најпрво биле пред хотелот во кој беа сместени играчите, а кратко потоа влегле на теренот на Олд Трафорд.
Околу 200 од нив имаа факели и транспаренти, и биле исфрлени по релативно брзата реакција на обезбедувањето.
Инаку, Манчестер треба да игра против Ливерпул во 17.30 часот, а според англиските медиуми, навивачите сакаат да ги спречат играчите да стигнат до стадионот и да излезат на теренот.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Хамилтон на Ферстапен: „Не е лесно да се бориш за титулата“. Макс: „О, ужас, навистина се плашам!“

ЛУИС ХАМИЛТОН и Макс Ферстапен влегоа под кожа еден на друг по сударот на Гран …