(ВИДЕО+ФОТО) НА ПОВИДОК НОВ СКАНДАЛ ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО! Принцот Хари нема да и одаде почест на својата мајка – „Нека престанат да глумат жртви!“

Доаѓањето на принцот Хари во Велика Британија, на откривањето на споменикот на неговата мајка, принцезата Дајана, е доведено во прашање поради расколот во кралското семејство.
Иако сите биле убедени дека принцовите Вилијам и Хари ќе се појават заедно на откривањето на статуата во јули оваа година, експертите сметаат дека тоа е малку веројатно, пишува британски „Сан“.

Експертите сметаат дека ова ќе доведе до дополнително ладење во односите меѓу членовите на кралското семејство, пред се Хари и Вилијам.


Браќата се одалечиле по преселбата на Хари во САД и сензационалното интервју со Опра Винфри, во кое тој открил дека одредени членови на кралското семејство биле расистички расположени кон Меган Маркл.
Вратата за помирување беше отворена за време на погребот на принцот Филип, кога Хари беше виден како разговара со Вилијам и татко му Чарлс.


Сепак, експертите, вклучително и еден новинар кој пишува за кралското семејство, Фил Дампиер, веруваат дека тие разговори не биле далеку од обичен муабет. Тој наведува дека разговорот меѓу двајцата млади принцови бил многу напнат, но дека тој сепак претставува прв чекор кон помирувањето.

„Хари и Меган сега имаат сè што сакаат. Син, ќерка на пат, слобода од дисциплината на кралското семејство … Но, водењето војна со Виндзор е непотребно и контрапродуктивно. Тие треба да продолжат со своите животи и да престанат да се преправаат дека се жртви“, рекол Дампиер.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андреа се надева дека ќе ја претставува нашата земја на Евровизија со Circles

Circles се вика песната на Андреа која влезе во најтесниот круг од 6. песни за …