(ФОТО) Таа има 28., а тој 76.:„Една година не криев од семејството, уште плачам при помислата на смрт…“

Дефектологот Келси Хоупул (28) и фотографот Гај БонГиовани започнале врска по две години пријателство. Тие се свесни дека изгледаат како таа да е негова негувателка, но не им е грижа
Келси и Гај се сретнале случајно на час по јога, на кој таа започнала да присуствува од љубопитност, а тој откако ја загуби својата 42-годишна сопруга. Таа е од малиот град Ла Џоле во Сан Диего, а тој од Енкориџ,на Алјаска. Еден ден тие, по јогата, само почнале да зборуваат и наскоро станале пријатели. На почетокот немало привлечност меѓу нив, тоа не била љубов на прв поглед. Врската започнала две години подоцна. И не би било чудно ако Келси немаше 28. години.
– Одлучив да пробам нешто ново и одбрав час по јога во локална теретана. Ги следев луѓето околу мене и наскоро моите очи сретнаа човек за кој мислев дека е актерот и комичар Џорџ Карлин. Додека го приближуваше својот душек за вежбање поблиску до мене, си помислив, „Ух“ – раскажува Келси за почетоците на нејзината врска со маж кој е на иста возраст со нејзината баба.
Кога завршил часот, тој и пришол и ја прашал дали можат да бидат пријатели, што и се допаднало. Така би разговарале кога би биле деца, вели.
– Разговаравме сами во теретана два часа и кога тој се прости од мене, тој не побара телефонски број, име или гаранција дека некогаш ќе се видиме повторно. Така започнавме да се дружиме – додава таа.
Таа вели дека првично била импресионирана од бојата на неговиот глас и неговата способност да ја заинтересира со приказни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelsey Hopeful (@kelseyhopeful)

„Можев да го слушам со часови“, вели Келси. Сега се во врска и се соочуваат со бројни критики, бидејќи таа е помлада дури 48. години од човекот со кој се забавува. Луѓето кои не ги познаваат често заклучуваат дека таа е негова негувателка, а не негова партнерка.
‘ бабата на Келси се омажила за многу постар човек, па затоа морала уште рано да се соочи со загубата на љубовта во нејзиниот живот. Цели 26. години по неговата смрт, таа живее сама, па Келси вели дека една од нејзините најголеми грижи е што ќе се случи со Келси кога Гај ќе го нема.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelsey Hopeful (@kelseyhopeful)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МНР ги објави препораките за влез во Грција до 24 мај – Какви се’ документи ќе ви бидат потребни!

МНР информира дека Владата на Хеленската Република, донесе нова заедничка министерска одлука со која од …