(ФОТО) КРАЛИЦАТА ЈА ВООДУШЕВИЛА ЦЕЛА БРИТАНИЈА: Го чува споменот на принцот Филип – не ја спречиле ниту ниските температури!

БРИТАНСКАТА Кралица Елизабета, вчера, уште еднаш покажала дека ќе продолжи да се грижи за наследството на покојниот принц Филип. Завиена во топла облека, таа ги прегледала коњите и количките што нејзиниот сопруг ги чувал во замокот Виндзор.
Кралицата, која е позната како страстен љубител на коњи и одгледувач на чистокрвни тркачки пастуви, ниту ниските температури не ја спречиле да провери во „возниот парк“, и тоа само неколку дена по првото појавување во јавноста, по погребот на Принцот Филип.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RoyalTeaWithJam (@royalteawithjam)

Грижата на остарената кралица за племенитите животни што нејзиниот сопруг ги обожавал, привлекла многу жители на островот, особено фактот што на дожд и студ излегла да ги прегледа старинските кочии.
На почетокот на овој месец беше објавено дека коњите и кралската кочија на принцот Филип ќе и бидат предадени на неговата седумнаесетгодишна внука Луиза.
Принцот бил голем љубител на трки со коњи, и се смета дека е одговорен за популаризација на спортот во Велика Британија. Тој ја претставувал Велика Британија на три европски и шест светски првенства.
На 91. година, принцот побарал да му се направи темно зелена кочија од алуминиум и челик, направена според неговите спецификации.

Принцот го впрегнал Понито Фел, раса која потекнува од северот на Англија и често се користи за јавање и возење поради својата сила и подвижност. Таа раса е загрозена, делумно поради генетски болести.
Во својата книга, принцот напишал: „Стареам, моите реакции стануваат побавни, а меморијата е неверодостојна, но никогаш не го изгубив големото задоволство кога возев кочија низ британското село“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Филм за Шумахер кој е поддржан и од неговото семејство

Од несреќата што му се случи на скијање, речиси ништо не се знае за Михаел …