(ФОТО) Го испишале детето од школо и пред почетокот на пандемијата тргнале на пат околу светот – а потоа се случил пресврт!

Имале само една желба
Клои (27) и Џеј (28) Хамонд од Велика Британија отсекогаш имале ист сон – да го запознаат целиот свет. Кога стапија во врска, еден на друг си ветиле дека ако некогаш дојдат во таа финансиска состојба, нема да се двоумат за момент.
И тоа се случило, само во малку поекстремна форма. Имено, во 2019. година Хамондси продале се што имале и скоро целата сума од 180.000 евра ја издвоиле за вистински да го запознаат светот.

Паралелно со овој потфат, тие го испишале детето од училиште, што ги шокирало семејството и пријателите. Живеејќи под мотото „еден е животот“, тројцата Хамондси само што започнале да го обиколуваат светот кога ги запрела епидемија на коронавирус – требало да бидат ставени во карантин на неколку месеци.
– Бевме многу млади кога добивме дете и логичен следен чекор по родителството беше да започнеме да штедиме и да обезбедиме стабилен дом. Сепак, откако зедовме еден месец одмор во пролетта 2019. година за да ја истражиме и запознаеме Југоисточна Азија, бевме потполно обземени од „треска за патувања“ – решивме дека сакаме постојано да патуваме, па затоа и нашата желба да купиме куќа беше ставете на чекање – велат сопружниците.

Бидејќи границите за Британците до одреден степен повторно се отворија, Хамондси тргнале кон Европа па каде стасале – стасале.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сте ИЗГОРЕЛЕ на сонце? Еве што да направите кога кожата после сончање ќе почне да ви се лупи!

Важно е редовно да користите крема за сончање и да избегнувате изгореници. Секое лице барем …