Репертоар за мај на „Театар за деца и младинци“

08.05.сабота – „Некој нека им каже дека сум важен“, 12.30 часот
Работена според приказната „КURT QUO VADIS?” на Ерлeнд Лу
Драматизација: Милена Деполо
Режија: Слаѓана Килибарда
Превод: Горјан Милошевски
Сценографија: Благовеста Василева и Слаѓана Килибарда
Костимограф: Благовеста Василева
Дизајн на кукли: Благовеста Василева
Кореографија и сценски движења: Валентино Апостоловски
Избор на музика: Слаѓана Килибарда
Асистент на сценографија: Кирил Василев
Играат:
Мики Анчевски – Курт
Марија Ѓорѓијовска – Бад, Гунар, Премиерот.
Никола Наковски – Раскажувач, Ана Лиз, Продавачот Мефисто, Капетанот,
Госпоѓата, Пациентот.
Ненад Митевски – Раскажувач, Курт Газирано, Архитект, Доктор Петер,
Полицаецот, Главниот Доктор, Цариник, Штауб.
Ангела Димитрова – Раскажувач, Елена Дебелата, Архитект, Докторка Нина,
Гатачката, Воспитувачка, Новинарката, Докторката, Старата госпоѓа.


Инспициент: Ирена Глигороска
Изработка на кукли: Јован Царан
Изработка наженски костим: Љубица Велкова
Изработка на машки костим: Раде Василев
Изработка на реквизита: Бранкица Јордановска
Дизајн на плакат и брошура: Емил Петро
Фотографии на рекламен и видео материјал: Емил Петро
Тон мајстор: Владимир Стефановски
Светло мајстор/Дизајн на светло: Мартин Митровски
Видео монтажа: Мартин Иванов
Декоратери: Јовица Видески, Драган Несторовски и Мирзат Камбери
Шминка: Игор Петрески
Гардеробер: Мирка Ѓоргиева
Наменета за возраст од 6+
Време траење: 70 минути

15.05.сабота – „Лакомата меца“, 12.30 часот
Оваа претстава е наменета за најмалите деца. Во неа се зборува за основните бон-тон правила во јадењето на оброците. Низ интеракција со децата Лакомата Меца е предупредена дека не треба да биде стрвна кога јаде и дека секој залак треба добро да се изџвака, зашто во спротивно има опасност да се задави.


Мецата нејќе да ги послуша децата и продолжува со стрвното јадење, па се случува токму најлошото. Една коска и се заглавува во грлото, па напомош и притрчуваат останатите шумски животни. Дали конечно мецата ќе ја научи лекцијата по пристојно и сугурно јадење, ве покануваме да откриете. Актерот
Владимир Лазовски за улогите на Волкот и Штркот во 2001 година освои актерска награда на Меѓународниот Куклен Фестивал на мали форми во Крагуевац, Р. Србија. Тој, заедно со одличните Ана Левајковиќ-Бошков и Катарина Илиевска-Силјановска, се доволен доказ за квалитетот на оваа претстава.
Играат: Ана Левајковиќ-Бошков, Катарина Илиевска-Силјановска, Владимир
Лазовски.
22.05. сабота – „Тоби“, 12.30 часот


Постои нешто, особено кај младите, што изгледа како непремостива препрека, никако не сте задоволни од сопствениот изглед.
Каква тага и горчина … Меѓутоа, ако имате, како јазовичарот Тоби, пријателка како госпоѓата Флора, вие многу брзо ќе ја надминете оваа безмислена грижа. Едноставно, со помош на пријателите ќе се видите себе си од еден сосема друг, среќен агол. Па, вие сте вешти, остроумни, а бога ми и многу згодни. И уште нешто, немојте да се китите со туѓи перја. Ќе излезете смешни.
И покрај овој суштински аспект на детската драма, во неа се читаат и откриваат навистина сеуште актуелни проблеми кај луѓето: необјаснива желба за промена на сопствениот изглед, ,потоа дискриминација по нај различни основи, физички, социјални, расни итн. Во секој случај најважно е ние самите да бидеме среќни и да бидеме прифатени со она што го носиме, со онашто имаме да го понудиме на овој свет.
Режисер – Драгослав Тодоровиќ
Играат:Марија Ѓорѓијовска,Катарина Илиевска Силјановска, Винета Дамческа Мојаноска,Ана Левајковиќ Бошков,Мики Анчевски.

29.05. сабота – „Гига мега бајка“, 12.30 часот
„Гига мега бајка“ е нова приказна која ни доаѓа од старите приказни. Четири актери кои не можат да ја почнат претставата „Пинокио“ зашто им фали актерот кој го игра Пинокио почнуваат да смислуваат своја приказна. Во паника но со многу фантазија ги раскажуваат познатите бајки и една своја и ги спојуваат во брза, смешна, забавна и поучена бајка – Гига мега бајка. Па така Црвенкапа го пресретнува Волкот и го кара зашто работел со мотика во дворот на баба и’.


Тој е градинар кој само сака да живее во мирна и тивка градина и сака да помага на Бабата. А Бабата пак знае карате, Џит-Кун-До и Џиу-Џицу и на Волкот му одржува дебела лекција па тој исплашен сака да избега од својата приказна.
Си заминува и ја среќава Поспаната Убавица со која тргнуваат во потрага по златната мотика и големата книга на знаењето…
Играат: Бојан Кирковски, Симона Спировска, Мартин Јорданоски, Мики Анчевски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Националната опера и балет во чест на „Мајските оперски вечери“ со серијал на концерти со наслов „Мајски концерти“

Месецот мај за Националната опера и балет е од особено значење, месец во кој се …