Намирници кои содржат повеќе калиум од бананите

Калиумот исто така има свое место на списокот на минерали потребни за нашето тело. Покрај тоа што помага во одржување на нормалниот крвен притисок, калиумот пренесува хранливи материи до нашите клетки и им помага на здравите нерви и мускули да работат.
Препорачаната дневна доза на калиум кај здрави луѓе е 4.700 мг, но, за жал, повеќето луѓе не добиваат доволно.
Намирницата која е најпозната како богата со калиум е бананата. Една банана со средна големина содржи 422 мг калиум, или девет проценти од препорачаната количина.
Сепак, она што е важно да се знае е дека бананите не се единствените херои богати со овој минерал. Постојат и други намирници кои го имаат дури и повеќе од бананите.

Авокадо
Популарното авокадо е полно со хранливи материи, а само половина од авокадото може да обезбеди 10 проценти од дневната потреба за калиум. Покрај тоа, авокадото е богато со витамин К и фолати, а исто така може да помогне во намалување на крвниот притисок.

Сладок компир
Јадењето сладок компир е одличен начин да додадете повеќе калиум во вашата исхрана. Само еден сладок компир со средна големина дава 12 проценти од препорачаниот дневен внес на калиум. Покрај тоа, слаткиот компир е богат со протеини, влакна и витамин А.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Преслушајте ја официјалната песна за Европското првенство во фудбал

За нешто помалку од еден месец, на 11. јуни, ќе започне уште едно Европско првенство …