(ВИДЕО) За време на ОНЛАЈН ЧАС наставник во католичко училиште фатен во незгодна поза – Интернет полн со коментари за неговата сопруга…

„Се чини дека неговата сопруга не ужива премногу. Сиромав човек, сега целиот свет знае дека неговата жена е едвај заинтересирана”
Наставник во католичко училиште во Колумбија, Рубен Дарио Парас, бил снимен во непријатна ситуација за време на повик преку зум со неговите ученици.
Имено, по онлајн часовите, Рубен заборавил да ја исклучи камерата и се препуштил на размена на нежности со неговата сопруга. Во еден момент и ја соблекол кошулата и започна да и ги бакнува градите.
16-годишните ученици со неверување гледале што се случува, а некои дури и го снимијле својот учител во компромитирачка ситуација а снимките наскоро станаа вирални.
Наставникот подоцна им се извинил на учениците.
„Некои сцени беа снимени кога сопругата дојде да ме поздрави и стана вирална на Интернет. Секако дека тоа беше моја вина, не знаев дека камерата е сè уште вклучена. Не го сторив тоа намерно, беше сосема случајно. Сакам да се извинам ако некого навредив“, рекол наставникот, а директорката Патриша Дуран Цеспедес започнала истрага за случајот.
„Ова е сериозна работа, наставникот се однесуваше несоодветно за време на часот и ситуацијата ја снимаа некои ученици. Подоцна видеото стана вирално на социјалните мрежи”, рекла таа.
Видеото предизвика и лавина коментари на Интернет.

„Се чини дека неговата сопруга не ужива премногу. Сиромав човек, сега целиот свет знае дека неговата жена е едвај заинтересирана”, „Се чувствувам тажно гледајќи го лицето на неговата сопруга“, напишале луѓето во коментарите, а имало и такви кои се обиделе да го одбранат професорот.
„Човечки е да се направи грешка. Заборавил на камерата и бидејќи е дома, може да прави што сака”, е еден од коментарите.

Фото: Принтскрин/Тwitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за сабота, 15.05.2021: Во приватниот живот избегнувајте личност која делува депресивно на вашето расположение. Фокусирајте го своето внимание во позитивна насока

Овен Љубов: Планирајте омилена забава или нова љубовна средба. Некој ве охрабрува да бидете расположени …