(ФОТО) „Никогаш не вели никогаш“: Демпси за враќањето во „Вовед во анатомија“

Актерот Патрик Демпси секогаш ќе им биде познат на обожавателите на серијата „Вовед во анатомија“ како д-р Дерек Шепард, иако неговиот лик почина во 11-тата сезона. Сепак, тој не ја исклучува идејата да се врати во серијата во иднина, што особено ги израдувало обожавателите.
Доктор Шепард направи изненадувачко враќање оваа сезона, каде гледачите го видоа со неговата сопруга Мередит на плажа. Тоа беше неочекуван пресврт за фановите, пишува Фокс Њуз.


Демпси се осврна на враќањето во серијата во интервју за „Варајети“, каде рече дека не се противи на кој било начин повторно да се појави во серијата.
“Кој знае? Никогаш не кажувај никогаш со оваа серија, нели?“, рекол Демпси.
„Мило ми е што го сторивме тоа оваа година, Криста Верноф заврши одлична работа околу раскажувањето на приказната. Тоа беше одличен начин да им дадам на луѓето надеж“, вели тој.
Демпси беше дел од серијата од првата до единаесеттата сезона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patrick Dempsey (@patrickdempsey)

Говорејќи за неговото враќање во 17-тата сезона, актерот се осврна на епизодата што беше емитувана во САД минатата недела и се чинеше дека тоа е последен пат обожавателите да го гледаат во таа улога.
„Мислев дека тоа е прекрасен начин да се заврши. Намерата беше да им дадам надеж на луѓето, бидејќи тие двајца се култен пар. Изгубивме многу луѓе оваа година, помислата да имаме ангели кои лебдат околу нас и да се грижат за нас е толку добра порака во светот во кој живееме. Значи, за сите нас, тоа беше прекрасен крај на оваа приказна. Благодарен сум што го сторив тоа и среќен сум што им се допадна на фановите“, вели тој.


Елен Помпео остана главниот лик на серијата, но фановите жалеа за загубата на неколку омилени ликови, покрај Демпси.
Седумнаесеттата сезона започна со тоа што Мередит се здоби со коронавирус, а таа се сретнува и со семејството и пријателите кои починале претходно, вклучувајќи ги и Лекси Греј, Марк Слоун и Џорџ О’Мали.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Бил подготвен да го даде својот живот за братот: Тој е еден од најомилените холивудски глумци, а неговиот живот крие ГОЛЕМА ТАГА!

Еден од најголемите холивудски актери, бил подготвен својот живот да го даде за животот на …