(ВИДЕО) Сакале да урнат дел од ѕидот од куќата самошто ја купиле – Ги дочекало изненадување

МЛАД пар од Оклахома, САД ја купиле својата прва куќа и решиле да ја реновираат, а кога сакале да срушат дел од еден ѕид, се изненадиле кога виделе што нашле зад него.
Имено, зад ѕидот се наоѓала голема туш кабина за која тие не знаеле кога ја купиле куќата.

@mia_bugRenovation finds…why 😫 #renovations #firsthome #housetohome

♬ Oh No – Kreepa

Видеото во кое го снимиле своето откритие е објавено на „ТикТок“, а досега го погледнале 1,8 милиони луѓе.
Тие објавиле уште едно видео во кое објасниле како се случило да не знаат за овој туш.

@mia_bugReply to @mr.whiskeypug the seller was NOT fun to work with @tjschultz45 #homerenovation #housetohome

♬ original sound – Miabug

„Имавме буџет од 150.000 УСД, што е навистина малку на овој пазар. И знаевме дека ќе мора да извршиме некои поправки. Продавачот ни рече дека просторијата е затворена затоа што течел садот за одвод и дека станува збор за мала поправка. Затоа, мислевме дека го затвориле бидејќи не сакале да го користат“, објасниле тие.
Иако, како што пишува Mirror, најпрво биле лути што продавачот не им објаснил за што станува збор, се покажало дека тие навистина добро се снашле затоа што нивната куќа сега вреди повеќе на пазарот.

Фото: Принтскрин/ТикТок

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за сабота, 15.05.2021: Во приватниот живот избегнувајте личност која делува депресивно на вашето расположение. Фокусирајте го своето внимание во позитивна насока

Овен Љубов: Планирајте омилена забава или нова љубовна средба. Некој ве охрабрува да бидете расположени …