(ВИДЕО) ЗАВРШЕН ГОЛЕМ КОРОНА ЕКСПЕРИМЕНТ: Еве колку луѓе се заразиле на концертот со 5.000 луѓе, организиран за таа цел!

Нестварните слики од Шпанија патуваат низ светот со месеци. Околу 5.000 луѓе се собрале на концерт во Барселона организиран да се испита ширењето на коронавирусот на големи настани.
Сите посетители на влезот биле тестирани на Ковид и морале постојано да носат маски. Тие не морале да се држат на растојание едни од други. Од сцената ги забавувал бендот Love of Lesbian.
Неодамна добиените резултати од експериментот покажале дека шест лица се заразиле со корона во рок од 14 дена по концертот во Барселона, но инциденцата е помала отколку кај општата популација, пренесува Би-Би-Си.
Од шестмината, научниците заклучиле дека четворица се заразиле на друго место освен на концертот.

„Нема индикации дека вирусот е пренесен на концертот. Се надевам дека овие резултати ќе дадат поттик за светската култура и дека музиката ќе се слуша како што заслужува“, рекол инфектологот Јосеп Марија Либре.
Концертот во Барселона бил еден од најголемите собири во Европа од почетокот на пандемијата.
Сличен експеримент беше спроведен минатиот месец во Холандија, каде околу 1.500 луѓе се собраа на забава за два дена.

Извор:Net.hr

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Преслушајте ја официјалната песна за Европското првенство во фудбал

За нешто помалку од еден месец, на 11. јуни, ќе започне уште едно Европско првенство …