(ФОТО) ТОЈ СПИЕ ВО СРЕДИНА – Многумина го нарекуваат среќник: Живее и спие со секси близначки!

Бен е во врска со близначките од 2012. година. Тие сакаат да се венчаат, но полигамијата е забранета според австралиските закони во 1961. година. Тие живеат заедно со мајката на сестрите…
Ана и Луси Де Синк (35), идентични близначки од Перт, Австралија, ќе бидат гости во американското реално шоу ‘Екстремни сестри’ откако со години ги исполниуваа колумните на весниците со нивниот екстремен животен стил. Тие имаат момче Бен Брн (40), кого несебично го делат веќе девет години. Тие живеат заедно, спијат, водат љубов … и планираат да имаат деца со него. Тие велат за себе дека тие всушност се една личност.
„Подготвени сме отворено да ја претставиме нашата љубовна приказна. Ние сакаме да бидеме многу искрени во шоуто. Мислам дека нема некој поекстремен од нас“, рекла Луси.
Близнаците се во врска со своето момче, механичар, од 2012. година и сакаат да се венчаат, но полигамијата е забранета, според австралиските закони, од 1961. година.

Тројцата живеат заедно со мајката на сестрите. Тие делат огромен кревет заедно, а Бен сигурно спие на средина. Сестрите јадат исти оброци секој ден и многу внимаваат да јадат иста количина. Тие ги прават истите тренинзи. Тие велат дека нема љубомора кога станува збор за Бен.
„Нема љубомора во нашата врска. Ако Бен ја бакне Ана, ќе ме бакне и мене“, рекла Луси.
„Тој нè прифаќа онакви какви што сме. Не му пречи што се облекуваме исто и дека сме секогаш заедно, не ни суди. Бен добива двојна доза на љубов од нас, двојно поголемо внимание“, додала Ана.

Сестрите најпрво се појавија во јавноста и се прославија откако потрошија 250.000 УСД на козметички процедури кои им обезбедија да бидат што по идентични една со друга. Во нивните 20-ти години, тие ставија полнила во усните, импланти во градите, ги истетовираа веѓите и работ на усните, и направија третман што ги намалува брчките и лузните на кожата. Тие исто така си дозволуваат и многу други козметичко-хируршки третмани …
По некое време, тие сфатиле дека претеруваат, па решиле да ги отстранат тетоважите од веѓите и усните и да ги отстранат полнилата во усните.

Овој пат тој бил тој што го иницирал појавувањето во јавноста затоа што сакал да ја открие својата страна на целата приказна.
„Бен сакаше да го направиме ова шоу. Луѓето сакаат да го слушнат неговиот глас, како тој ја гледа нашата врска и како е да се живее со две девојки“, додала Луси, пренесува Daily Mail.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали е поздрав полномрсниот или „лајт“ јогурт

Луѓето често бегаат од млечни производи со маснотии, бидејќи мислат дека предизвикуваат висок холестерол, но …