(ФОТО) Луксузниот автомобил на кралицата Елизабета ставен на продажба: Километражата на Бентлито ги насмеала купувачите…

Луксузниот автомобил бил повлечен од возниот парк на Кралицата во 2015. година а минал нешто повеќе од 4.000 километри, пишува Дејли Меил. Фактот дека кралица се возела во Бентлито ја зголемува неговата цена.
Салонот на автомобилите „Bramley Motor Car“ близу Гилдфорд во Сари го продава одлично сочуваниот зелен Barnato Bentley Mulsanne, со мала километража, чиј претходен сопственик била – кралицата на Англија.
Луксузниот автомобил бил повлечен од возниот парк на Кралицата во 2015. година и минал нешто повеќе од 4.000 километри, пишува Daily Mail. Фактот дека кралица се возела во Бентли ја зголемува неговата цена. Сличен автомобил сокој кралицата Елизабета Втора само повремено се возела се нуди за 80.000 фунти, а ова приближно може да достигне и до 200.000 фунти.

Директорот за маркетинг во салонот Bramley, Џек Морган-Џонс, за Daily Mail  изјавил дека тие ‘имаат среќа што досега имале на продажба неколку кралски автомобили’. Минатата година продадовме ‘Range Rover’ во кој принцот Филип го возеше американскиот претседател Барак Обама за време на неговата посета на Велика Британија ”
Бентлито на кралицата е единствено, но во основа не се разликува од другите слични Мулсани, освен што ббил управувана од Нејзиното кралско височество. Кралицата, наводно, поседува три Ролс-Ројси, три Дајмлери и два Бентли како дел од сегашниот возен парк на Бакингемската палата, но на нејзините други имоти има уште неколку возила.
Бентлито на кралицата што сега е понудено за продажба било користено од Кралицата за превоз низ британската престолнина помеѓу 2013. и 2015. година. Тој е уникатен бидејќи е долг пет и пол метри, што е за еден метар повеќе од стандардниот Бентли од овој тип и никогаш немал регистарска табличка.

Фото: Принтскрин/Тwitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Потешка несреќа одамна не сме виделе – возачот преживеал, се јавил…

Снимките од сообраќајот често пати можат да бидат забавни и поучни, но понекогаш се застрашувачки …