„Синдромот на ковид анксиозност“ би можел да биде нов проблем

Научниците изразиле загриженост дека резидуалната анксиозност поради коронавирусот може да доведе некои луѓе да развијат компулсивни хигиенски навики што би можеле да ги спречат повторно да се интегрираат во надворешниот свет.
Концептот за „синдром на ковид вознемиреност” први го теоретизирале Ана Никчевиќ од Универзитетот Кингстон и Маркантонио Спада од Универзитетот Саут Банк во Лондон, кога забележале дека луѓето развиваат одредени карактеристики како одговор на пандемијата, пишува The Guardian.
Овие карактеристики вклучуваат присилно проверување на присуство на симптоми на инфекција, избегнување јавни места и опсесивно чистење.


Истражувачите веруваат дека феномени како што се избегнување на какви било закани, страв од користење јавен превоз или часови чистење на просторот каде што живеат луѓето, нема да се смират толку лесно дури и кога короната би била под контрола.
„Стравот е нормален, особено кога станува збор за вирус кој е опасен. Сепак, разликата во однос на развој на психопатолошки одговор е дали ќе прифатите форми на премногу безбедно однесување што ве заклучуваат во страв“, рекол Спада, и додал:
„Очекувам дека ќе имаме делови од населението кои избегнуваат повторно ангажирање и постојано се грижат за вирусот во наредните месеци, без оглед дали се вакцинирани или не“.


Истражувачите користеле свои податоци за известување во јуни 2020. година од околу 500. учесници во САД и откриле дека синдромот предвидува нивоа на генерализирана анксиозност и депресија над и вон факторите како што се црти на личноста и општа здравствена анксиозност.
Тогаш истите истражувачи, заедно со Јан Албери, професор по психологија на лондонскиот универзитет „Саут Банк“, собрале прелиминарни податоци од анкети на само 300. возрасни лица во Велика Британија во февруари 2021 година, што сугерирало дека „синдромот на ковидна анксиозност“ е независен предиктор за генерализирана вознемиреност и депресија за време на пандемија.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО: Алек Болдвин на премиера дошол со сопругата и шесте деца!

Алек Болдвин (63) и неговата сопруга Хиларија (37) присуствуваа на премиерата на неговиот нов филм …