Заблуди за холестеролот: Кога е всушност штетен за срцето?

Холестеролот со години е поврзан со поголем ризик од кардиоваскуларни болести. Сепак, таа врска е доста сложена – не секоја храна богата со холестерол нужно ќе го зголеми нивото на „лош“ холестерол во крвта.
Животните, како и луѓето, произведуваат холестерол, што е корисно за многу важни функции во телото – производство на полови хормони, претворање на сончева светлина во витамин Д и формирање на дел од клеточната мембрана.
Растенијата не го создаваат, затоа холестеролот што го внесуваме преку нашата исхрана доаѓа од производи од животинско потекло, главно од месо и млечни производи.
„Консумирањето храна богата со холестерол навистина го зголемува холестеролот во крвта, обично за мала, но сепак значителна количина“, изјави за Си-Ен-Ен, д-р Стивен Деверис, кардиолог.
Најголемиот дел од холестеролот во крвта всушност произлегува од сопственото производство на организмот. Кога добивате многу холестерол преку храна, вашето тело обично ќе произведува помалку.

Нездрав придружник на холестерол
Од поголема загриженост е она што обично ја придружува храната богата со холестерол: заситените масти. Јадењето храна богата со заситени масти го зголемува производството на липопротеин со мала густина или лош холестерол во организмот, кој може да се собере во артериите, ограничувајќи го протокот на крв во срцето и мозокот, со што се зголемува можноста за срцев или мозочен удар.
На пример, јајцата имаат малку заситени масти, но многу високо ниво на холестерол. Едно големо јајце содржи 1,6 грама заситени масти и 187 милиграми холестерол. И покрај фактот дека јајцата не содржат многу од овие штетни состојки, она што најмногу го јадеме со нив – сланина, колбаси, сирење – често имаат многу заситени масти.

На што да се обрне внимание
Нутриционистите нагласуваат дека е клучно не само да се отстранат штетните намирници од исхраната, туку и да се обрне внимание со што сте ги замениле.
„Ако ги замените заситените масти со рафинирани јаглехидрати, како што се шеќер или бел леб, нема да имате здравствени придобивки. „Ако заситените масти се заменат со други поздрави масти, тогаш има јасна корист за здравјето“, вели д-р Деверис.
Морска храна – особено ракчиња – може да има релативно високо ниво на холестерол. Но, школките и рибите се одлични извори на протеини со малку маснотии и ни обезбедуваат есенцијални омега-3 масни киселини кои телото не може да ги создаде самостојно. Ова ги прави добра замена за црвено месо и живина.
Постојат луѓе кои треба да бидат повнимателни кога јадат јајца и друга храна богата со холестерол. На пример, луѓе кои имаат висок холестерол или други фактори на ризик за кардиоваскуларни болести, како што е семејната историја. Луѓето со дијабетес тип 2, исто така, треба да внимаваат на холестеролот во исхраната.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

До крајот на годината, пристигнуваат апчиња против корона вирус – гарантираат закрепнување по две недели?

Брачниот пар Кели бил вклучен во развојот на она што може да биде нова шанса …