(ВИДЕО) НАБЛИЖУВА ВЕЛИГДЕН – Еве уште една идеја за убави и необично обоени јајца – Вака Русинките бојадисуваат јајца со салфети и со чепкалки за уши прават вистински магии

За овој метод на шарање ќе ви требаат бои во кесички, ладна вода, оцет, неколку салфети, стапчиња за уши и онолку ластичиња за тегли колку што ќе бојадисувате јајца…

Велигден веќе ни се приближува, а во четврток домаќинките ќе треба да ги бојадисаат своите велигденски јајца, па доколку се уште немате идеја како да ги направите оваа година, ви го претставуваме најубавиот и наједноставниот начин да добиете совршени шарени јајца за Велигден!
Идејата е позајмена од Русинките, чиј метод на ладно боење потполно воодушевува.



За овој метод на шарање ќе ви требаат бои во кесички, ладна вода, оцет, неколку салфети, стапчиња за уши и онолку ластичиња за тегли колку што ќе бојадисувате јајца.
Постапка: Сварете ги јајцата на вообичаениот начин и оставете ги целосно да се оладат. Потоа, во секоја чаша ставете по една кесичка боја за јајца. Прелејте ги со лажица ладна вода и додајте лажица оладен оцет, па измешајте ја содржината во секоја чаша за убаво да се раствори бојата.


Секое јајце посебно завиткајте го во салфета (ако се повеќеслојни, раздвојте ги слоевите салвета и користете по еден за едно јајце). На врвот врзете ластиче за тегли, па потопете го памукчето од стапчето за уши во боја и спонтано нанесувајте ги боите на јајцата.
Кога ќе бидат обоени од сите страни, оставете ги да се сушат 15 минути. Потоа, одвиткајте ја салветата.
Вашите феноменални велигденски јајца се готови!
Деталната постапка погледнете ја во следново видео:


Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …