(ВИДЕО) Вознемирувачко: На НБА играч му пукнала ногата – паркетот во крв

Девин Канади, кошаркар на Орландо, се здобил со сериозна повреда на натпреварот против Орландо во НБА лигата.
Едно залетување во кошот, во дуел со противнички играч, завршило ужасно.
Тој го бркал Канеди, да ја спрекине контрата, а доскокот завршил со судир и скршеница на ногата.
Имало и крварење, со болни крикови што одекнувале низ салата.
Соиграчите веднаш донеле пешкири и му ја покриле ногата, а брзо дошол и медицинскиот тим и го изнел кошаркарот на носила.
Канади симболично ја кренал раката кога ја напуштил салата, сакајќи да се заблагодари за пораките за поддршка.
Инаку, ова е втора сериозна повреда за краток временски период, неодамна Дени Авдија се повреди на сличен начин, но имаше среќа и ќе го пропушти само крајот на сезоната.


Предупредување – видеото е вознемирувачко.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДОНАЦИЈА ОД СРЦЕ – MOZZART обезбеди ЕКГ апарати за болницата во Битола

Според директорката на битолската клиничка болница, д-р Билјана Гагачовска, Mozzart е пример за општествено одговорна …