(Рецепт) ПОСНО – Какао коцки без јајца, млеко и путер а не ви треба ниту миксер!

Немате јајца, млеко, путер во фрижидерот а сакате да направите брз и сочен колач? Сега можете да го направите со овој едноставен рецепт за кој нема да извалкате многу садови – не ви треба ништо друго освен сад за печење.
Состојки за какао коцки:
– 1 и пол чаша остро брашно
– 3 лажици какао (незасладено)
– 1 чаша шеќер
– 1 лажичка сода бикарбона
– половина лажичка сол
– 1 лажичка алкохолен оцет
– 1 лажичка екстракт од ванила (или ванилин шеќер)
– 5 лажици растително масло
– 1 чаша вода
Подготовка:
1. Вклучете ја рерната на 180. степени.
2. Подмачкајте тава со страни од 20. см и измешајте ги првите пет суви состојки во неа.
3. Направете три вдлабнатини во смесата, две мали и една поголема. Истурете алкохолен оцет во една мала празнина, екстракт од ванила во друга мала празнина и растително масло во третата, најголемата.
4. Сè залијте со вода и измешајте во хомогена смеса.
5. Печете на средна решетка во рерна околу 35. минути. Боцнете со чепкалка за заби за да проверите – ако колачот е готов, смесата не се лепи на чепкалката. Само внимавајтеда не го препечете.
СОВЕТ: Колачот можете исто така да го печете во округол калап како и во калапи за мафини.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Мултифункционален, штедлив – минијатурен дом на тркала – Што уште да се посака?

First Light Studio ги здружил силите со локалната компанија Build Tiny и го изгради ова …