МЗ: Во ковид центрите во Скопје за 24. часа се хоспитализирани 42. пациенти, а вкупно се лекуваaт 596. болни, сомнителни и потврдени за Ковид 19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 596 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 21 прием.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 примени пациенти и 12 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не билe примени нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 79 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 245 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 2 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 41 болен.
Вкупно 596 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 219 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Филипче: „Пуштен во употреба новиот лабораториски фрижидер за Клиниката за Ортопедија, донација од Германската амбасада“

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн …